Достапни линкови

Продолжен притворот на новинарката Хадиџа Исмаилова


Судот во Азербејџан и го продолжи притворот на истражувачката новинарка и соработничка на Радио Слободна Европа, Хадиџа Исмаилова. Окружниот суд во Баку денеска донесе одлука мерката притвор за Исмаилова, која требаше да заврши на 5 февруари, да биде продолжена за уште два месеци. Исмаилова беше уапсена на 5 декември, кога и беше одредена мерка притвор од два месеци поради сомнение за поттикнување на обид за самоубиство.

Нејзините поддржувачи велат дека случајот е политички мотивиран. Еден ден пред нејзиното апсење, шефот на кабинетот на претседателот на Азербејџан, Рамиз Мехдијев, јавно ја обвини Исмаилова за предавство. На крајот на декември беше наредено да се затвори бирото на Радио Слободна Европа во Баку, а десетици новинари на РСЕ беа повикани во полиција на сослушување во врска со нивното вработување. Претставниците на Европската унија изразија загриженост во врска со острите мерки на полицијата во Баку.

XS
SM
MD
LG