Достапни линкови

logo-print

Француската полиција во антитерористичка акција


Специјалната полиција во јужниот француски град Лунел наводно уапсила пет луѓе, во акција со цел растурање на исламски милитантни мрежи. Според полициските извори, двајца од уапсените на 27 јануари се вратиле од Сирија. Според весникот Миди Либре, луѓето биле фатени во рација на специјалните сили – ГИПН. Градот Лунел, кој се наоѓа близу до Монпеље во јужниот дел на Франција, го сврте вниманието откако локалните медиуми соопштија дека околу 20 луѓе го напуштиле градот и заминале во Сирија.

Од октомври, шест од нив на возраст од 18 до 30 години, наводно загинале. Франција и другите европски земји ги интензивираа напорите во борбата против исламските милитанти, откако се случија нападите во Париз, во кои вооружени лица поврзани со милитантни групи убија 17 луѓе во нападите на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, нападот на супермаркетот и убиството на жената полицаец, од 7 до 9 јануари.

XS
SM
MD
LG