Достапни линкови

Охридските дуќанџии на раб на опстанок


Високи кирии, слаб промет, еднакво на затворен дуќан. Се повеќе дуканџии во Охридската чаршија се одлучуваат да го затворат дуќанот, оти како што велат, често пати се случува со дневниот промет да не можат да ги подмират ниту дневните давачки за вработените и државата.

Во Охридската чаршија неколку дуќани се затворени, поради, како што велат сопственици, слабиот промет и високите кирии кои се движат меѓу 1.200 и 1.800 евра. Велат дека економската состојба во државата си го прави своето, па граѓаните се помалку се одлучувале да пазаруваат. Се жалат дека често пати се случува со дневниот промет да не можат да ги подмират ниту дневните давачки за вработените и државата. Кажуваат дека се случувало со часови никој да не влезе во нивните дуќани и оти многу дуќанџии работеле на работ на опстанокот.

Ова се должи на економската состојба и на куповната моќ на граѓаните. Исто така има се помалку народ, секој ден се селат граѓани особено младите надвор и се женат таму и тоа е вистината. Од 2009 година кога се укинаа визите во Охрид се помалку и помалку има народ.

„Ова се должи на економската состојба и на куповната моќ на граѓаните. Исто така има се помалку народ, секој ден се селат граѓани особено младите надвор и се женат таму и тоа е вистината. Од 2009 година кога се укинаа визите во Охрид се помалку и помалку има народ.“

РСЕ:Вие долги години сте во трговија? За колку последната година е намален прометот?

„Секоја година се намалува прометот за 10-15 проценти“,вели еден сопственик на дуќан во Охридската чаршија.

Ванчо Костоски претседател на огранокот на ВМРО Народна партија во Охрид, вели дека затворањето на дуќаните во главната охридска чаршија се должи на драстично намалената финансиска моќ на граѓаните.

Луѓето слабо живеат, единствено добро живеат пензионерите кои имаат добри пензии, но платите се мали, фабриките не работат. Слушаме дека во Охрид ќе се отворат фабрики но ќе видиме.

„Се повеќе и повеќе ќе имаме затворање на дуќани и ние на тоа не се радуваме. Тоа е резултат на катастрофалната економска состојба во Македонија. Се помалиот број на населението во Охрид исто така е причина за ова и мислиме дека во последните години 2.000-3.000 луѓе иселени од Охрид во европските и прекуокеанските држави. Овој тренд е се поголем и затоа сметам дека ќе имаме се повеќе вака тешки ситуации“, рече Костоски.

И охриѓани со кои разговаравме велат дека се потешко се живее, но оти надеж им даваат најавите за отварање на нови фабрики во градот.

„Луѓето слабо живеат, единствено добро живеат пензионерите кои имаат добри пензии, но платите се мали, фабриките не работат. Слушаме дека во Охрид ќе се отворат фабрики но ќе видиме.“

„Ова зборува за некои економски состојби кои владеат во државата“, велат запрашаните охриѓани.

Една продавачка на тезга пак вели дека сега има послабо промет од порано.

„Послабо, немаат луѓето пари и не купуваат, гледаат поевтино да поминат, вели продавачка.

XS
SM
MD
LG