Достапни линкови

Фидел Кастро: претпазливо со Aмериканците


Фидел Кастро

Фидел Кастро

Пензионираниот кубански лидер Фидел Кастро даде претпазлива поддршка на затоплувањето на односите со Соединетите држави. Во писмото прочитано на државната телевизија Кастро вели: „Секое решение постигнато преку преговори меѓу Соединетите држави и секој народ од Латинска Америка би требало да биде третирано во согласност со меѓународните норми и принципи“. Притоа Кастро додава: Јас не им верувам на Соединетите држави, ниту сум разговарал со нив“. Во минатиот месец Вашингтон објави дека почнува разговори со Хавана за нормализирање на односите меѓу двете земји прекинати пред над 50 години.

XS
SM
MD
LG