Достапни линкови

Еврозоната ги чека предлозите на новата грчка влада


Атина

Атина

Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната на состанокот во Брисел се согласија дека најпрвин треба да дознаат што новата влада на Грција има намера да направи во решавањето на кризата па потоа да се види што ќе преземе Европската унија. Навестено е дека на грчката влада која бара крај на „стегањето на ременот“ да и се даде подолг рок за да ги исполни условите за завршување на вториот план за поддршка на Грција одобрен од Унијата, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка.

XS
SM
MD
LG