Достапни линкови

logo-print

Десетмина загинати во пад на грчки борбен авион во Шпанија


борбен авион од типот Ф16

борбен авион од типот Ф16

Грчки борбен авион од типот Ф16 се урнал и удрил во авиони на земјата во текот на една вежба на НАТО во воздухопловната база Лос Љанос на југоистокот на Шпанија. Во несреќата загинале осум француски и двајца грчки војници, додека дваесетина други биле повредени, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој, наведувајќи дека меѓу повредените единаесет биле италијански и десет француски војници. Авионот во текот на полетувањето се урнал врз хангар каде што се наоѓале други авиони кои учествувале во вежбата на НАТО.

XS
SM
MD
LG