Достапни линкови

НАТО и Грузија отвораат центар за обука


Заменик генералниот секретар на НАТО, Александер Воршбов, соопшти дека алијансата и Грузија работат на отворање на заеднички тренинг центар за обука во Грузија.Тој рече дека се надева оти центарот во Грузија ќе започне со работа до крајот на 2015 година и додаде дека земјата има се што е потребно за да се подготви за влез во НАТО. Воршбов истакна дека сите механизми што се потребни за да се подготви Грузија за влез во алијансата биле проширени по самитот на НАТО во Велс, кој се одржа во септември. Грузискиот министер за надворешни работи најави дека Воршбов ќе го посети Тбилиси на 29 и 30 јануари.

XS
SM
MD
LG