Достапни линкови

Катастарот мрдна од мртва точка


Илустрација.

Илустрација.

Дел од граѓаните се уште се незадоволни од времетрањето на процедурата која му е потребна на катастарот за да изврши некоја услуга, но велат дека за разлика до порано сега е полесно.

Отворен ден за граѓаните во Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје. Од денеска, па се до 30 јануари, сите граѓани кои имаат некакви нејаснотии ќе бидат во можност, како што наведоа од катастарот, да закажат термин и да се консултираат за сите прашања. Денеска го посетивме катастарот, кој како и секогаш беше полн со граѓани кои чекаа пред шалтерите да си завршат некоја работа. Повеќето од нив велат дека се уште се незадоволни од времетрањето на процедурата која му е потребна на катастарот за да изврши некоја услуга.

Три години не можеме да си го приватизираме имотот, институциите на работат. Три години чекам секретарката да ме прими, на што личи тоа? Срамота е. Само стрес врз стрес. Не сме задоволни.

„Три години не можеме да си го приватизираме имотот, институциите на работат. Три години чекам секретарката да ме прими, на што личи тоа? Срамота е. Само стрес врз стрес. Не сме задоволни.“

„Многу талкавме, со години. Само што ќе ме видат тука ми велат тебе треба да ти пишеме 10 години стаж, што доаѓаш секојдневно. Еве пак одам на увид, пак е направена некоја грешка, ама сепак не примија и ни ја завршија работата. Сега се навеваме дека ќе оди. Грешката не е само тука во катастарот, туку и во државното правобранителство, Министерството за финансии, тоа е катастрофа за граѓаните кои се соочуваат со овие проблеми.“

Многу брзо завршивме работа, за неполни 5 минути, но имам една забелешка, би требало во катастарот да постои банка или пошта за да не трчаш да плаќаш на друго место.

„Јасно ни е сè , со закажување дојдовме за увид на предмет, ама човекот кој требаше да не прими си останал на боледување и сега ние дојдовме тука да седиме и да гледаме. Истата случка ни се случи и кога требаше да ажурираме документи за имотен лист, човекот го немаше, после пет години пак исто, го тераме случајот нешто да направиме, ама тешка работа.“

Има и граѓани кои велат дека за разлика од минатото сега се олеснети процедурите.

„Да, задоволни сме, не е како што беше порано, се сеќавам дека беше многу тешко да се пријде со шалтер, немаше ред, сега е многу полесно, службениците се многу пољубезни, е сега не е 100 отсто како што треба, меѓутоа има мрднато од место, не е како што беше порано.“

„Многу брзо завршивме работа, за неполни 5 минути, но имам една забелешка, би требало во катастарот да постои банка или пошта за да не трчаш да плаќаш на друго место.

Еден од граѓаните вели дека вината е и кај нив.

„И ние како клиенти, многу од нас не знаеме што бараме, им создаваме проблем на вработените со банални прашања или со тоа што не чекаме ред, зошто кога ќе се збутаат сите од еднаш, 3-4, и сите прашуваат од еднаш, самиот службеник не може да одговори.“

Граѓаните имаат можност секој работен ден да закажуваат термини со стручните тимови на катастарот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG