Достапни линкови

logo-print

Земан: Долговите треба да се платат


Чешкиот претседател Милош Земан, во врска со резултатите од изборите во Грција каде победи левичарската партија Сириза која поддржува ублажување на мерките за штедење, смета дека долговите треба да се платат, иако тој нема намера да се меша во внатрешните работи на земјата, пренесе неговиот портпарол Јиржи Овчачек. Премиерот на чешката Влада, Бохуслав Соботка, смета дека новиот грчки министерски Кабинет има одговорност да ги исполни ветувањата кон гласачите и истовремено да ги почитува параметрите на меѓународниот план за спас на земјата, јавува МИА.

XS
SM
MD
LG