Достапни линкови

Петмина уапсени во Приштина поради обвиненија за тероризам


Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение пред Основниот суд во Приштина, против петмина обвинети за кривични дела поврзани со тероризам, јавува Танјуг. Уапсените се обвинети за организирање и управување со терористичка група, учество во терористичка група, подготвување терористички дела и незаконско производство на експлозивни материјали, се вели во соопштението на ЕУЛЕКС, во кое се наведува дека обвинетите се уапсени во обид да купат голема количина огнено оружје и муниција.

XS
SM
MD
LG