Достапни линкови

logo-print

Официјален Берлин: Грција мора да ги исполни обврските кон меѓународните кредитори


Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефен Сајберт, по официјалните победа на радикалната левица во Грција ги повтори познатите ставови на Берлин, дека Грција мора да ги исполни обврските кон меѓународните кредитори. Тој ги пренесе ставовите на официјален Берлин, од каде се вели дека победата на Ципрас е „суверена одлука“ која што мора да се почитува. Германија, која што е главниот финансиер и креатор на финансискиот пакет за спас на загрозените членки од еврозоната, останува на ставот за потреба од понатамошни реформи и исполнување на обврските.

Германија од почетокот на кризата работеше за стабилизација на еврозоната и сега понуди соработка со новата влада, порача Сајберт. Честитките од Германија за победата на Ципрас ќе биде испратена откако тој ќе положи заклетва во Парламентот. Според портпаролката на германското Министерство за финансии, позицијата на Берлин за простување на грчкиот долг останува иста. Во исто време таа изјави дека Европската унија постојано иазразува волја да разговара за продолжување на програмата за помош на Грција.

XS
SM
MD
LG