Достапни линкови

Горивата на полноќ поевтинуваат


Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цените на нафтените деривати на полноќ да се намалат од 1,5 до 3 денари за литар. Малопродажната цена на Еуросупер 95 се намалува за 1,5 денари за литар и ќе чини 59 денари за литар. Еуросупер 98 поевтинува за два денара по литар и ќе се продава за 60,5 денари. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,91 односно за 4,93 отсто.

Малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 48,5 денари,а Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за три денари и ќе се продава за 37 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали и цената на мазутот за 1,610 денари, и еден килограм сега ќе чини 21,282 денари. Од регулаторната комисија велат дека причина за намалувањето на малоподажните цени на нафтените деривати се пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар 11,9 отсто во изминатите 14 дена и за 1,4 отсто повискоиот курс на доларот во однос на денарот.

XS
SM
MD
LG