Достапни линкови

Германија до Кремљ: Зауздајте ги сепаратистите во Украина


Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, соопшти дека Русија мора да им даде јасна наредба на сепаратистите во источна Украина и да ги предупреди да не се обидуваат да го преземат стратешкиот пристанишен град Мариупол. Како што бројот на жртвите се зголемува во последните две недели во ескалацијата на украинскиот конфликт, во кој загинаа повеќе од 5000 луѓе, Штајнмаер изјави дека истекува времето за спроведување на мировниот план договорен во септември.

Предупредувањето од страна на Германија дојде откако високиот лидер на сепаратистите поддржани од Русија, на 23 јануари ги објави плановите за зграбување на повеќе земја од владините сили и за ракетните напади за кои се обвинети бунтовниците, од кои загинаа 30 луѓе во Мариупол. Штајнмаер рече дека офанзивата врз Мариупол значајно ќе влијае врз ситуацијата и дека Западот ќе мора да реагира. Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се сретнат на 29 јануари за да разговараат за тоа што да се направи во врска со конфликтот.

XS
SM
MD
LG