Достапни линкови

logo-print

СОНК штрајкува, екстерното делумно се спроведува


Архивска фотографија: Екстерно тестирање.

Архивска фотографија: Екстерно тестирање.

Во некои општини само делумно се спроведува екстерното тестирање и во некои училишта има, а во некои нема екстерно, тврдат претставници на СОНК, кои речиси една седмица се во генерален штрајк.

Наставниците што штрајкуваат не учествуваат во процесот на екстерно тестирање на матурантите денеска и поради тоа во некои училишта се донесени заменици за да го спроведат. Во некои општини, пак, само делумно се спроведува оваа обврска и во некои училишта има, а во некои не, тврдат претставници на СОНК, кои речиси една седмица се во генерален штрајк.

Во сите средни училишта каде што наши членови има во комисиите за екстерно тестирање, тие не се во комисиите и не спроведуваат екстерно. Од сознанија од претседателите на региони, коишто нè информираат како се спроведува екстерното во нивните региони, кажуваат дека комисиите се сменети и оти се донесени заменски тестатори.

„Во сите средни училишта каде што наши членови има во комисиите за екстерно тестирање, тие не се во комисиите и не спроведуваат екстерно. Од сознанија од претседателите на региони, коишто нè информираат како се спроведува екстерното во нивните региони, кажуваат дека комисиите се сменети и оти се донесени заменски тестатори“, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Екстерно тестирање се спроведува само со група ученици на македонски наставен јазик, додека на албански наставен јазик не. Во училиштето Нико Нестор не се спроведува екстерното тестирање, исто така и во средното училиште Здравко Цветковски во Дебар не се спроведува тестирањето.

Според законот, начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците го пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар, а го организира и спроведува училиштето преку училишна комисија која ги назначува и т.н. тестатори. Во комисијата, пак, членуваат директор, стручен соработник и тројца наставници од училиштето, а во правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија се предвидува таа да се формира најдоцна до први ноември во тековната учебна година, со мандат од една година. Во правилникот не е прецизирано под кои услови е можно во последен момент да се вршат промени во комисиите, ако во нив има членови на СОНК кои одбиваат да работат, а и покрај обидите не добивме одговори од Министерството за образование.

Регионалниот претставник на СОНК за Струга и Дебар, Демирќани Реџепи, пак, вели дека екстерното тестирање таму се спроведува само делумно.

„Екстерно тестирање се спроведува само со група ученици на македонски наставен јазик, додека на албански наставен јазик не. Во училиштето Нико Нестор не се спроведува екстерното тестирање, исто така и во средното училиште Здравко Цветковски во Дебар не се спроведува тестирањето“, вели Реџепи.

Информации за слична состојба има и за Куманово, Липково и неколку други општини.

Инаку, екстерното тестирање за матурантите почна од денеска и ќе трае до 30 месецов. Со него се опфатени вкупно 20.567 ученици од трета и четврта година во 98 средни училишта и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Процесот кој од почетокот го следат контроверзии и несогласувања од дел наставници и ученици овој пат се одвива во време на генерален штрајк на СОНК за кој Неделков тврди дека станува сè поброен.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG