Достапни линкови

Најкоментирани владиката Петар и Љубчо Георгиевски


Минатонеделното интервју со преспанско-пелагонискиот митрполит, господин Петар, и неделното со лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, предизвикале голем интерес кај читателите.

Посетителите на нашата веб-страница реагираат на неделното интервју на владиката Петар во кое тој покрај другото вели дека МПЦ е единствената православна црква во Република Македонија и дека некакви супститути или паралелни цркви не дозволуваат ниту нам соседните земји.

Нивните појави во јавноста се како на трговци, а не како на духовници. Чесно е да се повлечат и да не прават штета на МПЦ.

Лусинда од Скопје го кажува спротивното - дека во сите земји во светот, па и во соседните, постоеле повеќе православни цркви и дека е жално што човек кој тврди дека се зарекол дека ќе ја зборува вистината не кажува работи што имаат врска со таа вистина. Се чини дека потпишаниот со икс-икс-икс добро ги познава состојбите во МПЦ. Тој, имено, коментира дека во Синодот постои раскол предизвикан од личните интереси и суетноста и ароганцијата на владиките Петар и Тимотеј, како и на Агатангел и Господин Господин Стефан.

Типична поплака на класичен бугарски пропагандист.

„Нивните појави во јавноста се како на трговци, а не како на духовници. Чесно е да се повлечат и да не прават штета на МПЦ“, предлага икс-икс-икс.

За Незабеган, МПЦ е филијала на, како што тој ја нарекува, МВРО-ДРПМНЕ.

Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-НП, кој во интервју за Радио Слободна Европа изјавува дека власта прави србизација на Македонија, исто така предизвикал реакции на некои наши посетители. МК Обсервер смета дека тоа е „типична поплака на класичен бугарски пропагандист“, а Александар прашува зошто никаде во земјава не можеле да се купат никакви весници од Бугарија, како што е тоа случај со српските.

Граѓаните, се чини, не се изненадени што претседателот Иванов ги потпиша измените на Законот за образование. Незабеган напишал: „Зар смее овој пекмез Џоле да не го потпише?“ и ставил едно десетина прашалници потоа, а Компјутер од Скопје смета дека законот не го бива, а тој сепак го потпишал.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG