Достапни линкови

Кери повика на мир во Нигерија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Над 200 главно бунтовници загинале вчера кога војската на Нигерија се судрила со исламски екстремисти кои го нападнале најголемиот град на североистокот на таа земја Мајдугури. Станува збор за место каде што е формирана терористичката група Боко Харам. Американскиот државен секретар Џон Кери во неделата престојуваше во Лагос за да повика на мирни избори во Нигерија на 14 идниот месец. Тој одвоено се состана со претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан и со неговиот главен конкурент Мухамад Бухари.

XS
SM
MD
LG