Достапни линкови

logo-print

Ципрас: Грција го напушта катастрофалното штедење


Алексис Ципрас, лидерот на грчката крајно левичарска партија Сириза

Алексис Ципрас, лидерот на грчката крајно левичарска партија Сириза

Алексис Ципрас, лидерот на грчката крајно левичарска партија Сириза по вчерашната изборна победа објави дека неговата земја го остава зад себе катастрофалното штедење. Тој ова го изјави пред неговите приврзаници откако резултатите од предвремените парламентарни избори покажаа дека Сириза добила околу 36 насто од гласовите, пред конзервативците на премиерот Андонис Самарас кои освоија 28 насто. Сириза по се изгледа ќе има 149 од 300 места во грчкиот парламент, само две помалку од потребните за да може самата да формира влада. Ципрас кој сега ќе мора да бара партнер за владата вети дека ќе стави крај на петгодишното понижување и болка на кои била присилена Грција поради меѓународниот план за спасување од банкрот во 2010 година. „Пресудата на нашиот народ значи дека тројката е завршена“, изјави Ципрас мислејќи на грчките главни кредитори, Европската унија, ММФ и Европската централна банка. Самарас му честиташе на Ципрас за победата.

XS
SM
MD
LG