Достапни линкови

Најмалку 11 лица убиени во Египет


Најмалку 11 лица се убиени денеска во немири во Египет, додека земјата одбележува четвртата годишнина од востанието во 2011 година.Одбележуавњето на годишнината од народното востание кога беше соборен Хосни Мубарак е под засилени мерки на безбедност во Египет.Официјални лица соопштија дека еден демонстрант бил убиен во пристанишниот град Александрија, каде полицијата се судрила со протест на околу 300 поддржувачи на забранетото муслиманското братство. Двајца осомничени исламисти се убиени во провинцијата Бешеира при експлозија на бомба. Во Каиро двајца полицајци се повредени од експлозија на бомба.

XS
SM
MD
LG