Достапни линкови

logo-print

СДСМ: За Скопје 2014 во 2015 ќе се потрошат 46 милиони евра


СДСМ денеска обвини дека Проектот Скопје 2014 година не е завршен и оти годинава ќе продолжи но со друг како што велат од партијата,извршител, овојпат Градот Скопје.

- Оваа 2015 година, преку Градот за проектот Скопје 2014 ќе се потрошат 46.175.000 евра, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Додаде дека средствата се наменети за панорамско тркало, за барокна административна зграда на ЈП Водовод и канализација, за нови барокни фасади на зградите во центарот на градот, за нови фонтани и плоштади...

СДСМ во отсуство на идеи, конкретни предлози и решенија се занимава со измислување на квази скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- За волја на вистината е фактот дека во Македонија и во Скопје се гради изминативе неколку години отткако ВМРО-ДПМНЕ е на власт и Скопје се претвора во вистинска метропола, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат социјалдемократите да излезат пред граѓаните и да одговорат за скандалите во кои што се вмешани нивните највисоки функционери

XS
SM
MD
LG