Достапни линкови

Кери во Нигерија на разговори за исламскиот екстремизам



Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Нигерија на разговори за исламските екстремистички групи. Во фокусот на разговорите со нигериските претставници е милитантната група Боко Харам која спроведува терор во Нигерија веќе неколку години и во последно време ги шири своите активности во соседните земји. Пристигнувањето на Кери пред претседателските избори во Нигерија на 14 февруари ја нагласува зголемената загриженост на Вашингтон во врска со зголемувањето на бројот на терористички групи во регионот. Милитантите на Боко Харам се одговорни за убиствата на илјадници луѓе при бомбардирањето области во повеќе градовите и села каде оние што не биле убиени често се продавани како робови.

XS
SM
MD
LG