Достапни линкови

Киев посветен на мирно решение


Во Украина денеска е ден на национална жалост,по серијата напади во југоисточниот град Мариупол во кои загинаа 30 лица, а беа повредени над 90 други.Претседателот на Украина Петро Порошенко го осуди нападот како "злосторство против човештвото", но тој рече дека Украина останува посветена на мировниот договор потпишан во Минск во септември. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата администрација е длабоко загрижена за најновото кршење на прекинот на огнот.За ескалацијата во источниот дел на Украина Обама ги обвини "сепаратистите со руска поддршка, опрема, финансирање и обука", како и руските сили.

XS
SM
MD
LG