Достапни линкови

logo-print

Сириски мигранти откриени во Гевгелиско и во Штипско


Осум мигранти од кои петмина Авганистанци и тројца Сиријци се откриени доцна синоќа на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на село Мрзенци кај местото „Подвозник Мрзенци“.

Како што соопшти полицијата, мигрантите биле пронајдени во товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(1976) од Кавадарци.

К.М. е приведен и предаден во гевгелиската полиција, а странските државјани денеска ќе бидат предадени во Прифатниот центар за странци – Скопје.

Уште пет мигранти од Сирија вчера се откриени и кај селото Лакавица, Штипско. При редовна контрола, полциските службеници забележале товарно моторно возило „Застава“ со струмички регистарски таблички, оставено без возач. Го прегледале и во багажникот ги пронашле странските државјани. Тие се приведени во Полициската станица Штип, а СВР презема мерки за пронаоѓање на возачот.

XS
SM
MD
LG