Достапни линкови

Русија ја блокираше декларацијата на ОН




Русија ја блокираше декларацијата на Советот за безбедност на ОН, во која се осудува последното зголемување на насилството во источниот дел на Украина. Канцеларијата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, издаде соопштение во кое силно се осудува вчерашниот напад со ракети врз украинскиот пристанишниот град Мариупол во кој загинаа најмалку 30 лица , а околу 100 се повредени.Во изјавата на Бан, се осудува "едностраното повлекување од прекинот на огнот од страна на раководството на бунтовниците, а особено изјавата на лидерот на бунтовниците Александар Захарченко дека е започната офанзива во Мариупол. Русија соопшти дека договор не е постигнат бидејќи Велика Британија инсистира да се осудат сепаратистите кои ја подржуваат Русија.

XS
SM
MD
LG