Достапни линкови

Во Украина ден на жалост


Во Украина денеса е ден на национална жалост , по серијата ракетни напади во југоисточниот град Мариупол во кои загинаа 30 лица, а беа повредени 90 други.

Националните знамиња се поставени на половина копје,а на пладне имаше едноминутно молчење во знак на сеќавање за жртвите.

Претседателот Петро Порошенко нареди да се откажат сите спортски и културни настани.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека градот бил цел на три одделни напади со ракети што биле истрелани од области под контрола на сепаратистите.

Бунтовниците тврдат дека украинските сили стојат зад нападите.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече дека ракетите биле истрелани од области што се под контрола на бунтовниците.

Нападите предизвикаа широка осуда.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека ужасниот напад на сепаратистите бил овозможен со неодговорната и опасна одлука на Русија за задоволување на потребите на сепаратистите со стотици нови парчиња современо оружје.

XS
SM
MD
LG