Достапни линкови

Манифестации за одбележување на роденденот на Тоше


Во организација на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, а во чест на неговиот роденден денеска во Спомен домот на Тоше во Крушево ќе се одржи културно-уметничка програма.

Црвениот крст на Град Скопје, Градската организација на Црвениот крст од општина Центар, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот по единаесетти пат ќе одржат крводарителска акција.

Акцијата и годинава ќе се одржи во домот на АРМ во периодот од 10 до 17 часот.

На Студентски трг вчера се одржа крводарителската акција во соработка со Институтот за трансфузија на крвта на Србија. Посетителите имаа можност да ја слушаат музиката на Тоше и да донираат средства за НУРДОР, а првите 30 крводарители добија и подароци.

XS
SM
MD
LG