Достапни линкови

Остри осуди за убиството на јапонскиот државјанин


Американскиот претседател Барак Обама остро го осуди убивањето на јапонскиот државјанин Харун Јукаве од милитантите на Исламската држава,соопшти Белата куќа.Претседателот на САД побара веднаш да биде олсободен вториот јапонски државјанин кој и натаму е во заложништво на милитантите на Исламската држава.

Снимката од убиството на јапонскиот заложник Харун Јукаве што ја направија џихадистите претставува потсетник за варварство на терористите ,рече британскиот премиер Девид Камерон.

Британскиот премиер го подржа својот јапонски колега Шинзо Абе и неговиот став во врска со џихадистите кои побараа 200 милиони долари за ослободување на двајцата киднапирани Јапонци. Истата сума Јапонија вети дека ќе ја даде во компањата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG