Достапни линкови

Парламентарни избори во Грција


Во Грција денеска се одржуваат предвремени парламентарни избри,на кои се очекува најмногу гласови да освои екстремно левичарската партија Сириза.Победата на Сириза би можело да претставува политички пресврт во Европа каде и некои други популулистички партии сакаат да започната кампања против мерките на штедење.

Гласањето започна во 7 часот по локално време на изборите кои исто така се одлучувачки за останувањето на Грција во евро зоната.

Девет милиони и 808 илјади Грци гласаат на вонредните парламентарни избори во земјата. До изборите дојде откако Парламентот не успеа после три обиди да избере нов шеф на државата.

На изборите учествуваат 18 партии и четири коалиции.

Според сите анкети, Сириза води пред Нова демократија со три до пет процентни поени, а на трето место е Потами. Повеќето истражувања покажаа дека прагот од три проценти за влез во парламентот ќе го поминат и Златна Зора, ПАСОК, Комунистичката партија и партијата Независни Грци.

Според истражувањето на јавното мислење Сириза не престанува да ја зголемува својата предност во однос на другите партии и владеачката Нова Демократија на премиерот Антонис Самарас и таа сега изнесува 5,3 проценти разлика.

Сириза е основана во 2000 година.

Грчките избирачи треба да ја одредат иднината на земјата. Дилемата е дали да се продолжи со реформите кои ги наложи „тројката“ меѓународни кредитори и политиката на штедење или радикален пресврт со Сириза и Ципрас, кој ја отфрла политиката на штедење и бара редефинирање на сите договори за кредити

XS
SM
MD
LG