Достапни линкови

logo-print

Времето денеска-облачно со повремен дожд и снег на планините


Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег, а на некои повисоки места ќе има повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со дожд со слаб интензитет и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до шест степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со локален повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Овие врнежи ќе бидат со слаб интензитет. Извесно стабилизирање на времето се очекува во понеделник поради продор на постуден воздух од север. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

XS
SM
MD
LG