Достапни линкови

Косово-Протести за разрешување на министерот Јаблановиќ


Лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти од денешниот протест во Приштина побара од премиерот на Косово Иса Мустафа до понеделник попладне да го разреши актуелниот министер за враќање и заедница Александар Јаблановиќ.Курти му го упати ултиматумот на Мустафа откако од демонстрантите побара со кревање рака да се изјаснат дали Јаблановиќ треба дa си поднесе оставка. Во меѓувреме некои учесници фрлаа со камења кон зградата на Владата. Поголем инцидент беше спречен од обезбедувањето на протестите, а напаѓачите се повлекоа во толпата.

XS
SM
MD
LG