Достапни линкови

СДСМ: Амандманите на Уставот се проблематични


СДСМ смета дека амандманите на Уставот, онака како што се утврдени во Собранието се проблематични од аспект на нивниот легитимитет, формулација и целта заради која што се туркаат.

- Обидот по секоја цена да се истурка процедурата на амандманските измени на Уставот во Собранието ќе биде само уште еден доказ дека финансиските интереси на оваа власт и се поважни од се друго, вклучувајќи ја и евроатланската перспектива, изјави на денешната прес-конференција Рената Дескоска од СДСМ.

Венецијанската комисија и Европската комисија, веќе укажаа дека уставни измени треба да се носат со најширок можен консензус, како политички, така и општествен.

- Туркањето на уставни амандмани во ситуација кога опозицијата е надвор од Собранието, е уште еден доказ за дрскоста, ароганцијата и исклучивоста на власта, како и отсуството на чувство за потребата од дијалог, истакна Дескоска

XS
SM
MD
LG