Достапни линкови

Одреден притвор од 30 дена за Верушевски


Откако синоќа, околу 22.30 часот, беше приведен поранешниот директор на ДБК, Александар Верушевски, од обвинителството денеска информираа дека му е одреден притвор од 30 дена.Во соопштението од Обвинителството Верушевски не е спомнат со име, туку се наведува дека изречената мерка се однесува за поранешен висок функционер.

Како што соопшти МВР,мерката притвор му е изречена бидејќи е осомничен за две кривични дела - „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и „Прикажување порнографски материјал на дете“.

При претресот во неговиот дом биле најдени два пиштола (Бровинг-Херстол калибар 9мм и Црвена застава М 70, калибар 7,65 мм), за кои не била најдена дозвола за легално поседување. Постапено е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа.

.

XS
SM
MD
LG