Достапни линкови

logo-print

Нема напредок во ослободувањето на јапонските заложници


Јапонија денеска вети дека до самиот крај нема да се откаже од обидите за спасување на двајцата јапонски заложници на кои припадниците на Исламска држава им се закануваат дека ќе ги убијат ако не добијат откуп од 200 милиони долари.Заменик министерот за надворешни работи Јашухиде Накајама кој се наоѓа во Аман во Јордан рече дека работи деноноќно координирајќи ги напорите за спасување на заложниците.

Меѓутоа судбината на заложниците и денеска е непозната откако синоќа истече рокот што го одредија исламистите.

Милитантите на Исламска држава вчера попладне објавија предупредување на интернет дека одбројувањето почнало пред убиството на 47 годишниот Кенџи Гот и 42 годишниот Харун Јукаве .Агенциите наведуваат дека заложниците се наоѓаат некаде во Сирија.

XS
SM
MD
LG