Достапни линкови

logo-print

Штип без вода за пиење.Отсечени неколку села


Општината Штип ги извести граѓаните дека водата за пиење во овој момент не е за пиење и дека треба да се користи само како техничка вода.Причина за тоа се обилните врнежи кои предизвикаа заматување на водата во бунарите.

Поројните дождови и излевањето на реките предизвикаа големи штети пред се во лакавичкиот регион, а во прекин е комуникацијата со неколку села. Во прекин е патниот сообраќај до селата Љуботен, Балталија, Пухче, Степанци и Суво Грло, а екипи и механизација од приватни изведувачи ги расчистуваат штетите и работат на воспоставување на патниот сообраќај.Без струја се селата Лакавица и Лесковица и во контакт со ЕВН се преземаат мерки жителите од овие места да добијат електрична енергија.

XS
SM
MD
LG