Достапни линкови

logo-print

Ракетен напад на про руските бунтовници во градот Мариупул


Градот Мариупул во југоисточниот дел на Украина кој е под контрола на владините сили денеска бил мета на жесток ракетен напад. Канцеларијата на градоначалникот на Мариупол соопшти дека најмалку три лица загинале од ракетите со долг дострел. Ракетите биле истрелани во југоисточниот дел на станбена област во близина на патишта, кои се под напад на про руските сепаратисти. Тешки борби денеска биле пријавени во повеќе други области во источниот дел на Украина, еден ден откако сепаратистички лидер Александар Закхараченко најави бунтовничка офанзива чија цел е преземање на контролата врз целиот регион Доњецк.Тој исто така, рече дека сепаратистите нема да се обидуваат да зборуваат за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG