Достапни линкови

Лидерот на бунтовниците изјави дека ќе ја заземат целата провинција Доњецк



Лидерот на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина Доњецк соопшти дека бунтовничките сили ќе се обидат да ја преземат целата провинција и оти нема да иницираат мировни разговори со владините сили. Изјавата на лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Александар Зaкхaрченко што дополнително ги намали изгледите за мир, доаѓа по интензивирањето на борбите во конфликтот во кој загинаа повеќе од 5.000 луѓе од април. "Од наша страна, нема да има повеќе обиди да се зборува за примирје", рече Закхараченко.

XS
SM
MD
LG