Достапни линкови

Времето денеска ќе биде облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Попладне ќе дува ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за повремен слаб дожд особено во вечерните часови.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во наредните денови времето ќе продолжи да биде променливо облачно со повремени локални врнежи на пониските места од дожд и снег, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Интензитетот на врнежите ќе биде слаб, само наместа умерен.

###

XS
SM
MD
LG