Достапни линкови

Избравте ли страна?


Горан Таневски, студентски активист.

Горан Таневски, студентски активист.

„Најмрачните делови на пеколот се резервирани за оние кои во времиња на морална криза се држат до својата неутралност”. Избравте ли страна во студентската „Божествена комедија”?, пишува Горан Таневски, студентски активист во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Иако и официјално најзагаден во Европа, воздухот оваа зима повеќе од било кога мириса на пркос и слобода. Граѓаните покажуваат дека секое трпение има крај, дека не секогаш може да се помине преку баш сè. А почетокот на крајот на митот за „просечниот Македонец“ кој премолчува било какви одлуки на извршната власт го најавија (кој ако не друг) студентите!

Во ниту еден момент Пленумот не подлегна на провокациите и во ниту еден момент не се вовлече во нечесните игри кои им беа подметнувани. Залудни беа сите маргинализирања, сите релативизирања на поддршката на Пленумот, сите црвени крукчиња околу упорните студентски, граѓански лица.

Иако стихијно, мала група студенти-ентузијасти, во почетокот омаловажувана и занемарувана од сите фактори, започна да ја шири идејата за студентско организирање во одбрана на последниот бастион на слободната мисла, универзитетите. Не најславно поминуваа тие почетни денови на новото студентско движење во зародиш, но упорноста на најистрајните во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Така, по којзнае кој пат се покажа дека големите идеи се шират како пандемија, која овојпат за среќа, ги „зарази” најзасегнатите, ги разбуди најзаспаните, ги придвижи најкритичните. Се роди Студентскиот Пленум!

Ги замолчи со својот настап Студентскиот Пленум со својата организација дури и најскептичните, и од ден на ден покажуваше се поголема зрелост и подобра организираност. Измамија студентите симпатии од целокупната јавност поради својата умереност, поради своето достоинство, но пред сè, поради аргументираноста на своите ставови. Во ниту еден момент Пленумот не подлегна на провокациите и во ниту еден момент не се вовлече во нечесните игри кои им беа подметнувани. Залудни беа сите маргинализирања, сите релативизирања на поддршката на Пленумот, сите црвени крукчиња околу упорните студентски, граѓански лица. Студенти, средношколци и граѓани од сите народи и конфесии за првпат масовно излегоа единствени околу една идеја, околу една ѕвезда-водилка.

Збор-два и околу самиот закон. Главниот аргумент на Студентскиот Пленум е грубото нарушување на автономијата на универзитетите, а со тоа и прекршувањето на одредбите од Уставот. Нема објаснување врз основа на кој принцип ќе биде избрана соодветната материја, како и на кој начин ќе се утврдува нивото на сложеноста на прашањето. Никој од Владата, никој од пратениците, никој дури ни од контра-пленумот не изаргументира како петте прашања на заокружување ќе го проверат знаењето на студентот. Понатаму, содржината е исполнета со контроверзни членови во кои нема ниту еден ред објаснување на потребата од ваков механизам, за кој впрочем и нејасно е како ќе го подигне квалитетот на високото образование.

Спорен е и фактот што никој не објасни дали сите механизми на евалуација на знаењето на студентите се искористени, и ако се, каде истите потфрлиле. Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во последното соопштение исто така бара темелна анализа на состојбите, но истото беше спинувано и оквалификувано како конструктивен предлог за контроверзниот Закон, иако јасен е ставот на најстариот и најдобро-рангираниот универзитет во земјата, кој е ист како и на Студентскиот Пленум.

Не одлучи претседателот во корист на оние кои ги учеше дека историјата не ги памети послушните туку бунтовните, не одлучи да ги прифати предупредувањата на неговите колеги професори на противуставната содржина на овој Закон. Одлучи да живее со овој срам.

Иако аргументирањата на Студентскиот Пленум никој не ги оспори, а дебатите на кои студентите повикуваа беа вешто избегнувани, најновиот сет на реформи во високото образование се донесоа (најнов велам затоа што од 2006та па наваму дури шест пати беше интервенирано во Законот во високо образование, што ја објаснува нестабилноста на курсот во кој овој „брод” (треба да) плови). Оттаму, не чуди разочараноста кај студентите од народните претставници, од Министерството за образование, од Владата, и во последно време од најспоменуваниот, претседателот Ѓорѓе Иванов кој иако вети, не одлучи државнички ниту професорски. Не одлучи претседателот во корист на оние кои ги учеше дека историјата не ги памети послушните туку бунтовните, не одлучи да ги прифати предупредувањата на неговите колеги професори на противуставната содржина на овој Закон. Одлучи да живее со овој срам.

Звучи тажно, но фер е да се признае дека за најголемиот број студенти и професори ова и беше очекуван крај на институционалната битка. Но, Студентскиот Пленум најавува нов почеток. Битката за студентите, сега вонинституционална, туку што започнува, а влогот е сега уште поголем. Ќе останат ли студентите херои и ќе бидат ли „запаметени од историјата”? Тие велат ДА. А после се, кој би се дрзнал да не им верува на оние кои со гордост го прифатија бремето на надежта и слободата?

„Најмрачните делови на пеколот се резервирани за оние кои во времиња на морална криза се држат до својата неутралност”. Избравте ли страна во студентската „Божествена комедија”?

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG