Достапни линкови

Победа против Австрија, во 1/8 финалето Македонија против Словенија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонската ракометна репрезентација со победа над Австрија го заврши првиот дел од Светското првенство што се одржува во Катар, па во осминафиналето ќе игра против Словенија.

Македонските ракометари попладнево во натпревар од последното 5.коло во групата Б, ја победија Австрија со 36:31.

Најефикасен во нашата селекција беше капитенот Кирил Лазаров со 9 постигнати голови. Филип Миркуловски постигна 6, а крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски придодадоа по 4 гола.

XS
SM
MD
LG