Достапни линкови

Косово им забранува на своите државјани да војуваат во странство


Пратениците во косовското Собрание усвоија закон со кој на граѓаните на Косово им се забранува учество во оружени судири во странство. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска е во посета на Приштина, предупреди дека џихадистите што војуваат во Сирија и Ирак по враќањето дома може да претставуваат опасност за безбедноста на Косово.

„Враќањето на тие борци претставува опасност и за сите нас, за државите во регионот, но исто така и за сите земји во Европа“, изјави Столтенберг на прес-конференција во Прштина по средбата со претставниците на косовските власти.

Косовската полиција во текот на август и септември уапси 55 лица под обвинение за поврзаност со џихадистите, за пропагирање на радикалниот ислам и за регрутирање доброволци за учество во „света војна“ во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG