Достапни линкови

Собранието ги утврди осумте предлог-амандмани на Уставот


Собранието попладневно ги утврди и последните два од вкупно осумте предложени амандмани на Уставот на Република Македонија. Со Амандманот 39 се воведуваат две важни новини во надлежноста на Уставниот суд - уставната жалба и Уставниот суд да одлучува по жалба на одлуките на Судскиот совет за избор и разрешување на судии и на оние на кои им е изречена дисциплинска санкција, исто така да одлучува по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители. Амандманот 40 на Уставот на Република Македонија предвидува во иднина работата и постапката на Уставниот суд да се уредува со системски закон кој ќе се донесе со двотретиниско мнозинство.

Собранието со ова ги утврди сите осум амандмани по што треба да се гласа поединечно за секој од амандманите со двотретинско мнозинство. Двотретинско мнозинство е потребно и за изгласување на Уставниот закон.

XS
SM
MD
LG