Достапни линкови

Шувалов - Русите ќе јадат помалку за да го поддржат Путин


Рускиот вицепремиер Игор Шувалов.

Рускиот вицепремиер Игор Шувалов.

Рускиот вицепремиер Игор Шувалов денеска го предупреди Западот против обидите да го собори претседателот Владимир Путин и рече дека Русите се подготвени да „јадат помалку“ и да издржат други тешкотии заради поддршка на нивниот лидер. Огромниот пад на цените на нафтата на светските берзи и западните санкции тешко ја погодија руската економија. Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Шувалов рече дека Русија „оди во подолга криза“ во споредба со пред седум години, кога беше две години погодена од глобалната криза.

„Кога Русин чувствува каков било странски притисок, тој никогаш нема да се откаже од неговиот лидер. Никогаш. Ќе преживееме каква било тешка ситуација во земјата, ќе јадеме помалку храна, ќе трошиме помалку струја“, рече тој.

Изјавите на Шувалов, кој се смета за еден од најбогатителуѓе во владата, предизвикаа саркастични коментари на руските социјални мрежи.

Опозициски активист објави фотографии од куќите на Шувалов во Москва, Лондон и во Австрија за да покаже каде тој ќе ги преживува тешкотиите кои ги опиша.

XS
SM
MD
LG