Достапни линкови

Се прелеа реката Отиња во Штип


Реката Отиња се излеа од коритото во Штип. Фото: Радио Канал 77

Реката Отиња се излеа од коритото во Штип. Фото: Радио Канал 77

Се прелеа реката Отиња во централното подрачје на Штип, а до 12 часот, во градот наврнале 35 литри дожд на метар квадратен, пренесува Радио Канал 77. Како последица на надојдените води на Отиња, која важи за релативно сува река, се зголеми и нивото на Брегалница. Утринава нивото на реката изнесувало 158 см, за во 14 часот ова ниво да достигне до 220 см, а протокот на вода бил 84 метри кубни во секунда. Информацијата ја потврдува Ќиро Маџунаров, задолжен за следење на хидролошката состојба на река Брегалница, пренесува радиото.

XS
SM
MD
LG