Достапни линкови

logo-print

Меркел: Грција да остане дел од „нашата приказна“


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака Грција да остане дел од, како што рече, „нашата приказна“, непосредно пред изборите што може да бидат одлучувачки за останатите земји од еврозоната. Таа ова го изјави на заедничка прес-конференција со италијанскиот премиер Матео Ренци во Фиренца.

Според анкетите најголеми шанси за победа на предвремените избори во Грција има радикалната левичарска партија Сириза, која најави дека ќе се залага за нови преговори за грчкиот долг. Официјално ЕУ и ММФ веќе порачаа дека во случај Сириза да дојде на власт во Грција, земјата ќе мора да продолжи со исплата на помошта одобрена за време на должничката криза и да продолжи со реформите.

XS
SM
MD
LG