Достапни линкови

logo-print

Путин го обвини Киев за ескалацијата на конфликтот во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одговорноста за ескалацијата на конфликтот во источна Украина е кај тие што издаваат криминални наредби, алудирајќи на украинските власти. Тој денеска рече дека конфликтот ескалирал откако Киев „издаде официјална наредба за почеток на голема воена акција“ против проруските сепаратисти. Путин рече дека Украина не одговорила на предлогот кој Кремљ оваа недела му го упатил на претседателот Петро Порошенко тешкото вооружување да се повлече од линијата на разграничување.

Лидерот на бунтовниците кои претходно ја презедоа контролата врз аеродромот во Доњецк вети дека ќе ја заземат целата провинција Доњецк од која голем дел сè уште е под владина контрола.

XS
SM
MD
LG