Достапни линкови

Вие имате една парадоксална ситуација, партијата која го убедува македонскиот граѓанин дека му го брани идентитетот од Грците и од Бугарите, од друга страна прави србизација на Република Македонија, вели поранешниот премиер и лидер на партијата ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски.

Македонските власти имаат јасна цел, што подалеку од ЕУ и НАТО и што поблиску до Србија, а во некоја наредна фаза и спојување со северниот сосед, вели поранешниот премиер и лидер на партијата ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе биде емитувано во недела. Според него, се води една класична југословенска политика, каде што се води конфронтација со останатите соседи, а идентитетската граница со Србија се брише.

Кога ќе ги поставите сите тие игри во последните години ќе видите дека тие имаат јасна цел Македонија што подалеку од ЕУ и од НАТО, што поблиску до Србија, и најверојатно во одредена фаза и спојување со Србија.

„Тоа најмногу се гледа во културни-музичката програма на владините медиуми. Вие имате една парадоксална ситуација, партијата која го убедува македонскиот граѓанин дека му го брани идентитетот од Грците и од Бугарите, од друга страна прави србизација на Република Македонија. Јас сметам дека во овој момент ние имаме отворено србизирање на македонскиот народ и јас сметам дека малку фали ние утре на референдум 80 проценти да гласаме за спојување со Србија.“

Љубчо Георгиевски.

Љубчо Георгиевски.

Георгиевски смета оти актуелната влада е инструмент на белградската политика во земјата.

„Долги години не сакав тоа да го изречам толку јасно, меѓутоа дефинитивно кога ќе ги поставите сите тие игри во последните години ќе видите дека тие имаат јасна цел Македонија што подалеку од ЕУ и од НАТО, што поблиску до Србија, и најверојатно во одредена фаза и спојување со Србија.“

Македонците се доста под влијание на српската култура, тоа е сосема нормално затоа што ние педесет години бевме во заедница со нив и таа култура ни е далеку поблиска од да речеме грчката или бугарската култура.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека македонската политика во последно време не води кон србизација, туку баш напротив кон бугаризација.

„Воопшто фаворизирањето на некои ликови од историјата и од политиката кои се чисто бугарски, не се македонски, а ако се спореди соработката на македонската влада со српската влада во последните неколку години, посебно во периодот кога десничарските партии стапија на власт во Србија, не е тоа србизација, затоа што нормална е соработката на две десничарски партии.“

Преголемата застапеност на српските програми е поради тоа што телевизиите не нудат квалитетна програма, додава таа.

„Македонците се доста под влијание на српската култура, тоа е сосема нормално затоа што ние педесет години бевме во заедница со нив и таа култура ни е далеку поблиска од да речеме грчката или бугарската култура.“

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG