Достапни линкови

Што ако победат радикалите во Грција?


Грција пред избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Грција пред избори

Грција уште еднаш е на работ. По шест години рецесија и пет години драконски мерки за штедење наметнати од надвор, грчките гласачи в недела излегуваат на уште едни предвремени избори. Овој пат влогот не може да биде поголем, велат познавачите на состојбите во Грција.

Радикалната партија Сириза за која се смета дека ќе ја освои изборната победа, го зазеде централното место од политичките маргини што ги обезбеди во 2010 година со гласните критики против програмата за спасување на Грција.

Левичарите на Сириза се уверени дека треба да отпишат голем дел од јавниот долг, од кој 80 насто сега е во рацете на партнерите од евро зоната, Европската централна банка и ММФ или таканаречената „тројка“.

Сириза вети огромно зголемување на трошоците, намалување на даноците, освен за најбогатите, и откажување од фискалните цели на сегашната програма.

Партијата сака да ја врати индустријата базирана врз колективно договарање, да ја зголеми минималната плата и да ја стопира приватизацијата.

Презаситени од двете главни партии Нова демократија и ПАСОК, повеќето Грци се решени да се коцкаат со досега неиспробаната Сириза.

Најверојатен резултат од изборите е дека Сириза ќе биде на врвот. Но и со 50 места што, според грчките закони, како бонус ги добива партијата која ќе победи, Сириза нема да има мнозинство во парламентот.

Во таков случај лидерот Алексис Ципрас ќе треба да избере сојузник од партиите од левиот или десниот политички центар и да постигне договор со „тројката“ или да бара поддршка од Комунистичката партија и да ја следи нејзината стратегија против „европските империјалисти“.

Впрочем и во самата Сириза има кои ја поддржуваат логиката на отпор спрема Брисел и Берлин.

Ако новата влада реши да оди по тој пат, Грција би можело и да излезе од Европската унија.

Соочени со ваквото кошмарно сценарио, силите кои се за статус кво, владата на премиерот Андонис Самарас и некои евролидери се решија на кампања на сеење страв.

Самарас предупреди дека глас за Сириза е исто што и банкрот за земјата, а претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека преферира разговори со веќе познати лица.

Германија пак, сугерира дека би можело да се среди излегување на Грција од еврозоната.

Како и да е, презаситени од двете главни партии Нова демократија и ПАСОК, повеќето Грци се решени да се коцкаат со досега неиспробаната Сириза.

Токму затоа Ципрас ќе мора да демонстрира ретка политичка вештина. Тој ќе мора да ја продаде идејата за компромис, лош збор на грчки јазик,.

Но, Ципрас не ќе биде единствениот кој ќе мора да се откаже од догматизмот. Европејците ќе мора да признаат дека грчките фискални цели се невозможно строги.

Дали Европа, пред се Германија, ќе се издигне зад својата тесноградост и ќе понуди нешто полабаво? И дали Ципрас има мудрост и агилност тоа да го постигне? Се ќе зависи од одговорите на овие прашања.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG