Достапни линкови

САД го повлекуваат персоналот од амбасадата во Јемен


Сана

Американски претставници соопштија дека од амбасадата на Соединетите држави во Јемен ќе биде повлечен дел од персоналот. До овој потег доаѓа откако вчера јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади се повлече од функцијата по неколкудневните борби во главниот град Сана со бунтовниците кои се поддржани од Иран. Јемен е еден од клучните американски сојузници во борбата против Ал Каеда. Пред четири месеци претседателот Барак Обама оцени дека Јемен е модел за успешно партнерство во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG