Достапни линкови

Генералното собрание на ОН за антисемитизмот


Бернар Анри Леви

Бернар Анри Леви

Генералното собрание на Обединетите нации за прв пат одржа седница на која се расправаше за антисемитизмот. До ова дојде на две недели од нападите во Париз во кои загинаа 17 луѓе, меѓу кои четворица во еден еврејски супермаркет. Францускиот филозоф Бернар Анри Леви го повика светот да се спротивстави на растечката омраза против евреите. „Обвинувањата против евреите повторно стануваат повик за војна на новиот ред убијци“, изјави тој. Генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун пак оцени дека таму каде што цвета антисемитизам, цветат и други форми на дискриминација.

XS
SM
MD
LG