Достапни линкови

„Часовникот на судниот ден“ поместен за две минути


Стрелките на „Часовникот на судниот ден“ кој симболично укажува колку човештвото е блиску до самоуништување вчера беа поместени од пет на три минути до полноќ. Причините за тоа се загревањето на климата и модернизацијата на нуклеарното оружје. Овој часовник е направен во 1947 година, во време на почетокот на Студената војна и со него управуваат американски атомски експерти. Најблиску до самоуништување светот бил во 1953 година кога стрелките беа на две минути до 12 часот, а најдалеку во 1991 година кога часовникот покажувал 17 минути до полноќ.

XS
SM
MD
LG