Достапни линкови

ОН го осудија нападот во Доњецк


Советот за безбедност на Обединетите нации најостро го осуди нападот во Доњецк, град во источна Украина кој е под контрола на проруските бунтовници. Во гранатирањето на една автобуска станица тринаесет луѓе загинаа, а околу 20 беа повредени. Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинија за овој напад. Советот за безбедност побара независна истрага и изведување на суд на одговорните. Во Вашингтон пак, портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека инцидентот уште еднаш ја нагласува потребата од спроведување на примирјето во источна Украина.

XS
SM
MD
LG